На поразителните податоци на „Транспаренси интернешнел”, според кои Македонија за само една година падна за 24 места според Индексот на перцепција на корупција, со реакција се огласија од ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеничката Даниела Рангелова, рече дека оваа организација била блиска до Сорос, но сепак, како што рече, не можела да го сокрие нивото на корупција, за кое го обвини СДСМ.
-Назадувањето на листата на „Транспаренси интернешнел“ е резултат на работењето на генералниот секретар Оливер Спасовски како технички министер во МВР и на работењето на Фросина Ременски како технички министер за труд и социјална политика. – Оливер Спасовски ќе остане запаметен по тоа што цела година откако ја извршуваше функцијата технички министер, не реализираше ниту една акција за сузбивање на криминалот и на корупцијата, туку се фотографираше и се движеше во присуство на криминалци и на лица од подземјето – рече Рангелова.
Таа ја обвини и специјалната обвинителка Катица Јанева, за која рече дека се ставила во заштита на криминалот.