ВМРО-ДПМНЕ: За функционерите по 20 евра казна, а верниците се апсат и плаќаат по 2.000 евра

by fokus

ВМРО- ДПМНЕ обвинува дека власта лицемерно им доставува казни на функционери од по 20 евра, додека граѓаните за еден собир на бадникарски оган ќе плаќаат по 2.000 евра.

„Неуставно пред три дена апсеа граѓани во селото Орман кои присуствувале на традиционален бадникарски оган, а наредниот ден Оливер Спасовски удри и по граѓаните на општина Брвеница. Спасовски уапси 15 граѓани и едно свештено лице, заради организирање на собир во црква во Брвеница. Функционерите можат да слават роденден во државна институција без никакво почитување на мерките и протоколите и пет дена да се истражува случајот и на крајот да се казнат со само 20 евра, ама затоа граѓаните веднаш се апсат, носат во полициска станица и плаќаат казна од 2.000 евра. За лудилото уште да биде поголемо, за прославата во министерството за политички систем поголемиот дел од казната ќе ја платат граѓаните. Имено, со по 500 евра ќе биде казнето одговорното лице, а со 2.000 евра ќе биде казнета институцијата. Токму оваа казна од 2.000 евра ќе ја платат граѓаните во име на министерството за политички систем“,рече на денешната прес-конференција пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Стојаноски посочи и дека ВМРО-ДПМНЕ им нуди бесплатна правна на сите граѓани кои изминатиов период биле уапсени поради непочитување на мерките за заштита од ковид-19.

Поврзани новости