ВМРО-ДПМНЕ: Во времето на СДСМ само децата на партиските олигарси можеле да студираат

by Фокус

Веднаш по соопштението на СДСМ за лошите политики на власта во образованието, со експресна реакција се јавија и од владејачката партија. Споед нив, интерниот министер за образование и наука во редовите на опозицијата и експерт за образовни политики, без ниту една досега креирана и понудена мерка, повторно се обидува да ја девалвира секоја активност којашто се прави за унапредувањето на квалитетот на образовниот систем.

– За разлика од владеењето на СДСМ кога правото и можноста за студирање биле „навистина скапи“ а студирањето било достапно само за децата на партиски олигарси, денес состојбата е поинаква. Македонскиот високо образовен систем е добро позициониран од квалитативен и квантитативен аспект. Но, тоа никако не значи дека еднаш поставените и достигнатите стандарди не треба да се надградуваат и да ги следат светските, современите образовни трендови – се наведува во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.

Владејачката партија децидна: екстерното тестирање е реформа која што постои и се применува во најголем дел од земјите во светот кои посветуваат сериозно внимание на квалитетот на високо образовниот систем. Според нив, со оваа реформа на никој нема да му биде нанесена штета, единствено, ќе бидат заштитени и повеќе вреднувани студентите коишто со личен влог и макотрпна работа го стекнале знаењето, за сметка на оние кои студирањето го сфатиле како екскурзија.

 

Поврзани новости