392
Скопска апелација утре ќе ја почне расправата по жалбите за случајот „Ликвидација“ помеѓу кои и на новинарот Томислав Кежаровски откако неговата одбрана ја обжали по сите основи.
Апелациониот суд ќе треба да одлучи дали ќе ја укине затворска казна на која беше осуден Кежаровски и ќе го врати целиот предмет на повторно одлучување, дали ќе ја потврди првостепената пресудата, или пак ќе донесе нова пресуда. Утре ќе се одржи само Јавната седница, а рокот за одлука се уште не е познат.