Во време на СДСМ немаше нова опрема за здравствените домови, а денес се вложуваат стотици милиони евра за нова опрема и подобро здравје на граѓаните, одговараат од владејачката партија на обвинувањата на СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ го уништила здравствениот систем на Македонија.
-СДСМ не ги осуди нападите врз лекарите со огнено оружје туку напротив оние кои се обидоа да убиваат здравствени работници ги нарече „реакции на незадоволни пациенти кои правдата ја земале во свои раце“. СДСМ лажеше и го пумпаше бројот на мртви новороденчиња бидејќи несфатливо и нечовечки, но на СДСМ во политичката борба за ситни поени им одговараше бројот на мртви доенчиња да е зголемен, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Од владејачката партија велат дека СДСМ била во очај пред соочувањето на избори во кои влегувала со мизерен рејтинг и никаква програма и затоа на Бихаќка преминувале на нивните добро-познати „некрофилски тактики за лаги и манипулации кои народот одамна не им ги купува“.