СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го уништи здравствениот систем

by Фокус

Никола Груевски, Никола Тодоров и ВМРО-ДПМНЕ се најголемите уништувачи на здравствениот систем во Македонија, велат денеска од СДСМ во партиското соопштение.

-Безобразно и бездушно се фрлаат 690 илјади евра. За малата Тамара потребни беа 20 пати помалку пари за лекување. Многу луѓе ќе добиеа шанса за соодветно лекување да не беше позлатената ограда околу владата платена со народни пари. Според годишниот извештај на Фондот за здравство, во 2014 година средствата за лекување во странство се намалени за околу 20 милиони денари или 330 илјади евра. Црните статистики покажуваат дека Македонија е на врвот по смртноста на новороденчињата во Европа, дури 14 на 1.000 живородено, се наведува во соопштението на СДСМ.

Од СДСМ велат дека партијата ќе ја преземе одговорноста, ќе го запре криминалот и корупцијата што беа основа за владеење на Никола Груевски, ќе ги врати парите кон граѓаните и ќе обезбеди сигурно финансирање на здравствениот систем и никогаш да не се повтори случајот со малата Тамара.

 

Поврзани новости