ВМРО-ДПМНЕ во Собранието го блокираат разрешувањето на Зврлевски

by Fokus

Вкупно 35 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се пријавија за збор за извештајот на Народниот правобранител, непосредно пред точката за разрешување на обвинителот Марко Зврлевски.

Пратеникот Илија Димовски ги соопшти имињата на координаторите на пратеничките групи. На првата група од шест члена, координатор е Димовски.

На втората пратеничка група, координатор е Антонијо Милошоски, на третата Зоран Илиоски, на четвртата Владанка Авировиќ, на петтата пратеничка група координатор е Даниела Рангелова, на 6-тата Панчо Минов, на 7-та Димитар Стевананџија, на 8-та Драган Данев, на 9-тата Благица Ласовска и на 10-тата пратеничка група Драган Цукле.

Веќе неколку денови ВМРО-ДПМНЕ намерно го кочи Собранието, за да не дојде на дневен ред точката за разрешување на Зврлевски.

 

Поврзани новости