476
СДСМ/Сорос го одбраа патот посочен од нивниот спонзор, се ставија во негова одбрана и започнаа со навреди и омаловажувања кон американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација, реагираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.
-За скапо платените соросоиди не е проблем по наредба да влезат во конфликт со кого било водејќи се од лични интереси и желбата да продолжат да легнуваат на нивните сметки платите повисоки од 3.000 евра. За такви суми, воопшто не им е проблем да организираат насилства и демонстрации во кои жртви се полициските службеници, а штетите тешки милиони евра ги плаќаат македонските граѓани. Нивните интереси се во конфликт со интересите на Македонија и македонскиот народ, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.