ВМРО-ДПМНЕ: Во МВР се унапредуваат неспособни кадри

by fokus

За неполни три месеци се поделени 500 решенија за унапредување, а досегашните начаници под закана се принудуваат да ги потпишат барањата за прераспоредување, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои ја обвинија власта за партизација на Полицијата.

-На нивно место се поставуваат началници со педагошки факултет или друго несоодветно образование, без никаков конкурс или без познавање на областа во организационата единица што треба да ја раководат. СДСМ ја препушта безбедноста на граѓаните во раце на неспособни и непрофесионални кадри, кои имаат за цел да го штитат криминалот на луѓето блиски до врвот – изјави Сашо Павлоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости