-Во измислените бројки на „иселени Македонци“ според математиката на СДСМ од викендов е и Зоран Заев кој одмараше на Палма де Мајорка и Радмила Шеќеринска која летово одмараше на луксузните одмаралишта во Грција. Очекуваме кога ќе се врати Заев во Македонија бројот на исселени СДСМ да го намали барем за еден човек, стои во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ во кое се вели дека преку 600.000 луѓе ја напуштиле Македонија.
Од владејачката партија велат дека во времето на СДСМ 200.000 луѓе останале без работа и живееле со нула денари на ден, а биле затворени речиси 700 индустриски капацитети.
-Во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ се отворија повеќе од 140.000 нови работни места. Во Македонија влегоа повеќе од 50 директни странски инвестиции меѓу кои се Кромберт и Шуберт во Битола, Џонсон Контролс во Штип и Струмица, Ван Хол, Амфенол во Кочани, Кемет електроникс, Витек, Маккарт во Велес, ОДВ електрик во Охрид, Гентерм во Прилеп, Техникал Текстајл во Штип, Антура во Кочани, Ендава, КСС во Кичево, Кофикаб, Ејпленд во Ресен, Гришко во Демир Хисар и уште десетици други производствени погони низ цела Република Македонија, потсетија од ВМРО-ДПМНЕ.