Власта на СДСМ претера со расфрлање на парите на граѓаните, па почна да склучува сомнителни договори во четири очи тешки по неколку милиони евра, со што се плаќаат двојно повисоки цени, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по договорот на РЕК Битола за ископ на јаглен во итна постапка.
„Овие цени власта на СДСМ не ја загрижуваат бидејќи се покриваат со пари на граѓаните. Затоа бараат начини за да ги покријат ваквите скандали, како милионскиот скандал што го предизвика неспособното раководство на РЕК Битола. Јавноста целосно е дефокусирана од катастрофалната економска и државна политика на СДСМ, преку монтираните судски процеси на десетици видни општествени дејци, неосновано обвинувајќи ги за тероризам. СДСМ очајно се обидува преку политички прогон и со монтирани судски процеси да ја прикрие неспособноста која секојдневно ја покажува на секое поле од своето владеење“, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Македонија е заробена држава и е единствената држава во Европа која има политички затвореници.