Оваа неспособна власт ниту умее, ниту знае како да ги доврши веќе започнатите проекти од ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак планира да започне нов капитален проект во инфраструктурата, обвини денеска на прес конференција Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Договорот за автопатот Демир Капија – Смоквица заврши, а автопатот не е пуштен во употреба, иако потпишаа нов анекс со нов рок за градба и нов рок за надзор и тој не го исполнија. Доколку за скоро една година не можат да завршат и да пуштат во употреба завршен автопат може да претпоставиме што ќе се случува со останатите проекти. Ние ќе ги охрабриме барем малку да се фатат за работа за да можат граѓаните да ги видат придобивките од европскиот автопат Демир Капија – Смоквица и секако да го пуштат во употреба, рече Мисајловски.