„СДС кога беше опозиција устата им беше полна за презадолженост на Република Македонија. Денес кога СДС е на власт ја задолжува земјата што е можно повеќе.Вчерашното задолжување на владата на СДС го покажува нивното лицемерие. Едно зборуваат, а друго прават“, велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што велат од партијата, власта вчера ги искористила хартиите од вредност да ја задолжи Република Македонија за дополнителни 10.6 милиони евра.
„Таквиот несериозен и неодговорен однос на владата на СДС ја покажа и вчерашната недоверба на банките кон работата на оваа власт, бидејќи побарувачката за државните хартии од вредност беше помала од тоа што го планираше министерот Тевдовски.
Катастрофалната економска политика на владата е очигледна и преку ребалансот на буџетот кој ја покажа нивната антиреформска и расипничка матрица на работа.
Најтрагично е што нема најава дека овие 10.6 милиони евра, би се потрошиле за реновирање училишта, болници или други инфраструктурни проекти.
Секој ден се повеќе граѓаните сфаќаат дека најголем дел од дополнителните 150 милиони евра ќе завршат на ставката вдомување на партиските војници од чистачка до министер, високи хонорари за договорни услуги, партиски хирови и луксузи“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.