Владата на Социјалдемократскиот сојуз се претвори во комерција на фирмите на Заеви и Анѓушеви. Каква потреба имаат овие фирми, таква одлука носи владата во која Заев е премиер, а Анѓушев е вицепремиер, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
– Ова не се брани. Ова е класичен пример на искористување на позициите во владата за да се излобира погодност за своето семејство и за фирмите на Анѓушеви. Фирмите на Анѓушев се во сериозна конкуренција на фирмите на Заеви кои имаат план да ја поседуваат цела Македонија. Јавноста отворено прашува како овие два картела ги имаат поделено бизнис интересите. На овие два картели бизнисите им цветаат на грбот на граѓаните и тоа ќе биде казнето на претстојните локални избори. Граѓаните ќе застанат на патот на оваа алчност и на ова лудило на владата на Социјал-демократскиот сојуз и многу скоро ќе им ја испорачаат сметката изразена во катастрофален пораз – истакна Невенка Стаменковска од ДПМНЕ.