Откако опозицискиот СДСМ денеска ја објави новата „бомба“ во Штип, експресно се реакција се јавија од ВМРО-ДПМНЕ. Нивното соопштение ви го пренесуваме интегрално:
Денес СДСМ соочена со целата своја немоќ продолжува се понагласено да игра на картата на ефтин воајеризам.
Денешната прес конференција е доказ за пакоста која сакаат да ја направат, нивната непродуктивност но и отвореното манипулирање.
Раскажувачот Заев и неговите клонови по градовите пуштаат креирани, сечени, лепени и прелепувани, монтирани материјали кои самите по себе не докажуваат ништо.
Жално е што суштината на политичкото дејствување на СДСМ и Зоран Заев дојде до таму да главната активност на оваа партија се состои во напорите да се даде некаков наводен наратив, да се раскажува нешто скандалозно, иако тоа е далеку од тоа што СДСМ сака да го претстави. Затоа имаат потреба од објаснување и дообјаснување, за да може да се манипулира, злоупотребува и да се прикажува во одреден неточен контекст. Но, главното прашање е што тоа добро носи за граѓаните и за државата.
Вистината не е во сечените материјали, туку во тоа што е сработено.
На секој штипјанец, но и секој граѓанин од било кое друго населено место во државата му е совршено јасно и знае како гласал на изборите и зошто ја дал својата доверба. СДСМ не може со било каква манипулација или смислени лаги да ги убеди во нешто што не постои. На изборите се мери угледот на секој политичар, а тоа што во Штип СДСМ години наназад катастрофално губат на иборите најдобро покажува што мислат граѓаните за СДСМ, се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.