ВМРО-ДПМНЕ по многубројните критики кон институциите надлежни за расчистување на снегот, кој иако долго беше најавуван сепак целосно завеа патишта и отсече села, се огласи со реакција во која ја обвини опозицијата. По прес-конференцијата на Благој Бочварски од СДСМ кој обвини дека власта ги оставила институциите со врзани раце поради криминалните тендер-политики за свои интереси, ДПМНЕ му порачаа да проверат прво каква е ситуацијата во нивните општини.
-Токму во овие општини не се исчистени градските улици и патиштата до околните села. Бочварски нека погледне какви се патиштата до селата Рич, Пчиња, Винце, Вакав, Пезово, Кокошиње, Павлешенце, Брсјак, Колицко, Скачковце и други. За каква одговорност зборува Бочварски кога во овие општини владее ледена доба- велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека СДСМ се обидува својот изборен неуспех да го дефокусира со лаги и со манипулации.