465
Белгискиот посредник за спроведување на Договорот од Пржино, Питер Ванхојте за вчера закажа средба на која требаше да прдолжат преговорите за утврдување на методологијата за прочистување на Избирачкиот список, но на средбата не се појавија претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
-Немаме генерален договор за наредните чекори. Ќе видиме дали ќе успееме да се договориме, но тоа е неопходно за да може ДИК да почне со работа. Нема големи разлики, но и малите можат да бидат сериозна пречка за постигнување договор, изјави Ванхојте.
Вчера попладне ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ преку соопштение ја известија јавноста дека за нив е прифатлива Методологијата за пречистување на Избирачкиот список онака како што ја предложи Државната изборна комисија.