На седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ која се одржа вчера во Битола донесена е одлука за продолжување на протестите, но утре нема да се блокираат сообраќајници на неколку места, туку ќе се одржи протест пред МНР во 17 часот.
-Зоран Заев е таткото на спорот со Бугарија. Иако ја убедуваше македонската јавност дека со потпишувањето на спорниот договор повеќе немаме отворени прашања со соседите, очигледно е дека се отворија нови и досега неоспорувани теми. Република Македонија е блокирана. Протестите продолжуваат затоа што Заев и Бујар Османи кријат за што се преговара и што се се подготвени да прифатат од бугарската декларација – рече Стефан Андоновски, член на ИК на ДПМНЕ.
Тој го повикува министерот за надворешни работи Бујар Османи да го покаже на македонската јавност документот кој го преговараат со Зоран Заев, прашувајќи зошто овој документ се крие ако е заштитен македонскиот јазик?