ВМРО-ДПМНЕ: Убијците на децата од Смилковско езеро ќе се ослободат, но затоа Едмонд Темелко е во куќен притвор

by Fokus

„Македонија е заробена држава во која царува криминалот, корупцијата и политичките притисоци. Во Македонија не се суди според законите или Уставот во Македонија, судските одлуки се донесуваат така како што ќе каже владата и хунтата на власт, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Случајот „Монструм“, како и сите други случаи на СЈО покажуваат дека имаме заробено судство кое работи под команда и заробена држава во која нема правда или таа е селективна. Имаме ситуација во која убиците на децата од Смилковско езеро многу веројатно ќе се ослободат, но затоа Едмонд Темелко е во куќен притвор, патриотите од 27-ми април се во затвор, а криминалците на слобода. Тој двоен аршин создава заробена држава, држава во која СДС преку СЈО и уценетето судство монтира случаи и осудува луѓе. Стоп за неправдите. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе организира народен собир на 3-ти декември против сите неправди на хунтата на власт – се наведува во партиското соопштение.

 

Поврзани новости