ВМРО-ДПМНЕ е силно и ужива голема поддршка кај граѓаните, тоа е болката на СДС и причината за сите местенки, реагира ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното повикување на разговор во полициска станица на нивен кандидат за советник во Кочани под сомнение дека поткупувал гласачи.
-Стравот на СДС од неминовниот изборен пораз кој ги очекува на 15-ти октомври кулминира. Полициското сослушување на кандидат за советник од ВМРО-ДПМНЕ во Кочани е одраз на стравот на СДС од изборениот пораз кој ги очекува. Toa e само обид на затскривање на вистинските нерегуларности кои се случија во овој предизборен период, како убиство на кандидат за градоначалник, вперување на пиштоли врз друг кандидат, кршење на изборни штабови и користење на државните ресурси во партиски цели, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.