ВМРО-ДПМНЕ: Тужбите на СДСМ се неосновани

by Фокус

Денеска поднесените тужби од страна на СДСМ се неосновани и без правна аргументација, велат од ВМРО-ДПМНЕ во нивната реакција, откако денеска најголемата опозициска партија поднесе три кривични пријави до Јавното обвинителство.

-Денешната постапка на СДСМ е штур и површен пристап за дефокусирање на јавноста од законските процедури против Зоран Заев. Овој чекор на СДСМ нема никаква правна логика и аргументација. Ако СДСМ и Зоран Заев мислат дека на ваков начин ќе се извлечат, дека ќе се амнестираат себе и соработниците од нелегалните и незакоски дејствија, со кои самите се втурнаа во кал, а се обидуваат да ја втурнат и државата, треба да знаат дека се лажат, се вели во реакцијата на владејачката партија.

Кривичните пријави кои ги поднесе СДСМ се против премиерот Никола Груевски, директорот на УБК, Сашо Мијалков, министрите Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, како и против Мартин Протуѓер и градоначлникот на Гази Баба, Тони Трајковски. Како што рекоа од опозициската партија, пријавите се поднесени за разни кривични дела кои произлегуваат од содржините на досега објавените разговори од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Поврзани новости