СДСМ со нови кривични пријави за власта

by Фокус

Денеска СДСМ поднесе три кривични пријави против Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Мартин Протоѓер, како и против градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски.Кривичните пријави се поднесени за различни кривични дела кои произлегуваат од содржината на досега објавените разговори.

Настаните што се опфатени со кривичните пријави се:

-Прекршување на правила и прописи при апсењето на Љубе Бошкоски
-Незаконско рушење на објектот Космос и
-Договарањето бркање од работа на политички неистомисленици по парламентарните избори 2011 година

Претходно, СДСМ поднесе пријава против Сашо Мијалков и Горан Груевски за неовластено прислушување. Како доказ се приложени аудио снимките кои СДСМ ги објави на прес конференција.

Поврзани новости