Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема да отстапат од екстерното тестирање, а прозивките од СДСМ за негово укинување, ги оценија како деструктивно однесување и блокирање на позитивни проекти.
-Како пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ цврсто стоиме зад проектот „Екстерно оценување“ бидејќи силно веруваме дека тоа значително ќе придонесе за подобрување на квалитетот на основното и средното образование, како и за објективно и реално отсликување и оценување на знаењето кое го стекнале учениците во основните и средните училишта – порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека се бореле за екстерното, бидејќи објективноста во оценувањето на учениците од страна на професорите бил и се уште претставувал голем проблем во образовниот процес.