Проектот за персонални асистенти со кој Мила Царoвска денеска се пофали е проект на ВМРО-ДПМНЕ, се побунија попладнево од ВМРО-ДПМНЕ.
-Стартот на овој проект беше во 2015 година и според планот на владата на ВМРО-ДПМНЕ досега ќе беше заокружен, т.е. веќе ќе функционираше. Начинот на кој СДСМ го регулира е само отворање пат за партиски вработувања, наместо да се користат капацитетите на министерството за труд и социјална политика. Царовска е неспособна и не работи во корист на граѓаните. За ова говорат пропустите на Царовска и владата предводена од СДСМ. Пропусти има речиси секојдневно, секојдневно има вести за малтретирани деца, нивна злоупотреба. Сето ова е доказ за негрижата, и нефункционирањето на системот на социјална заштита. Но, граѓаните ги гледаат пропустите, и тоа во сите области. Граѓаните на избори ќе кажат не за овие политики кои ги спроведуваа оваа влада предводена од СДСМ, се вели во соопштението.