Руската амбасада: Изјавата на Заев е политички неодговорна, русофобијата станува алатка на политиката

by fokus

Руската амбасада во Скопје попладнево реагираше на изјавата на македонскиот премиерот Зоран Заев дека руски бизнисмени плаќале за насилни протести против Договорот со Грција.

-Изјавата на Зоран Заев ја сметаме за политички неодговорна. Таа ја става под знак прашалник искреноста на заложбите на македонската влада за градење добри односи со Русија. Со жалење констатираме дека русофобијата се повеќе станува алатка во надворешната, а и во внатрешната политика, напишаа од руската амбасада на Твитер.

Поврзани новости