Три месеци сме сведоци на тоа како здравствениот систем во Република Македонија е под деструктивно влијание на СДС, обвини денеска Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
-Неодамна обзнанивме дека комјутерскиот томограф во Струмичката болница не е во функција, а еве сега и друга вест дека ниту ангиографот во струмичката болницата не работи, а исто така и ангиографот во болницата во Штип не е во функција. Ваквата состојбa придонесува најмногу да страдаат граѓаните и пациентите од Источна Македонија кои сега мораат да бидат упатувани во Скопје на третман. Овие апарати се клучни во третманот на пациенти со срцеви заболувања како инфаркт, а ваквата состојба го нарушува достигнатиот европски стандард во македонското здравство за 1 ангиограф на 20.0000 жители, кој беше реализиран од владата на ВМРО-ДПМНЕ во соработка со лекарите кои беа обучувани во референтни светски центри. СДС ги остави итните случаи од Источна Македонија на милост и немилост на времето, а лекарите и здравствените работници ги поставува во тешка позиција без орудие во раката да се обидувааат да спасуваат човечки животи, рече Николов.