625
Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се состане вечерва во 19 часот. Се очекува на состанокот да биде соопштена коалицијата со ДУИ. Претходно, партиските органи за ДПМНЕ треба да ја усвојат одлуката за коалиција.
Во тек е состанокот на ДУИ од кој се уште нема официјални информации. Но, од она што излегува во јавноста, Централното претседателство веќе гласа за одлука да се коалицира со ВМРО-ДПМНЕ.
Некои портали на албански јазик веќе објавија дека Груевски прифатил да воведе двојазичност на целата територија, како и претседателот на Собранието да биде од ДУИ.