ВМРО-ДПМНЕ: Судот и Заев го прават целиот македонски народ слеп и глув за неговите криминали

by fokus

Државата се презадолжува, граѓаните осиромашуваат, а Зоран Заев се обидува да ја покрие катастрофата со нарачани судски пресуди, обвинуаат во утринското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

-Националните интереси се распродаваат, се тргува со Уставот и со нашето потекло, а поткопувањето на идентитетот Зоран Заев се обидува да го покрие со политички процеси и казни преку заробеното судство. СДСМ продолжува со политичкиот прогон во Македонија. Правната држава е укината, а политичките пресуди станаа секојдневие.  Додека Зоран Заев и СДСМ ја пустошат Република Македонија судот слепо извршува политички нарачки. Судот стана партиска експозитура на Заев и СДСМ. Правосудството не го интересираат ниту аргументи, ниту докази ниту факти туку слепо извршување на партиската задача на Заев. Додека политичките неистомисленици на Заев секојдневно се малтретираат и им се изрекуваат драконски затворски казни, самиот Зоран Заев беше ослободен од барањето за поткуп каде сведок беше целата македонска јавност. Беше ослободен како што беа ослободени и обвининетите од Монструм и Сопот. Судот и Зоран Заев го прават целиот македонски народ слеп и глув за криминалите на овој човек. Барање поткуп беше евидентирано со судска наредба, но видео во кое бара едно евро за Вице и евро за црквата беше отфрлен од судот како доказ. Сите овие процеси се прават се со цел јавноста да се дефокусира од штетните и катастрофални антидржавни политики што ги спроведува СДСМ и Зоран Заев, се вели во партиското соопштение.

Поврзани новости