Наместо да го влечкаат случајот со години низ судските лавиринти, со што веќе наидуваат на потсмев и прават пародија со прифаќање на смешните оправдувања на Заев, треба да се фатат за работа и да утврдат уште колку граѓани морале да платат стотици илјади евра кај Вице, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за судскиот процес што се води против премиерот Зоран Заев.
– Понижувачки за граѓаните е законот да важи за сите останати, а на Заев да му се прогледува низ прсти кога бега од правдата со наводни средби со струмичкиот конзул и негов пријател, па со обврски во владата или со средби со некој амбасадор на земја од Африка. Недостасува уште да му прифатат оправдување дека ќе оди на потстрижување и заради тоа да одложат уште едно рочиште – се наведува во партиското соопштение.