ВМРО-ДПМНЕ: Судот да се води по словото на законот и да стави крај на оваа конструкција со која недолжни граѓани се обвинуваат за тероризам

by Fokus

„Судот има единствена шанса да застане на страна на правдата и законот и да им сврти грб на притисокот и политички конструираните обвиненија. Судот има можност водејќи се по словото на законот да стави крај на оваа конструкција со која недолжни граѓани се обвинуваат за тероризам и да застане на страната на правдата, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Апелациониот суд мора да се издигне над дневната политика и притисокот. Судот не смее да биде соучесник во конструиран случај. Случај во кој се кршат законите и правата на човекот. Незаконитоста ја предочи и Народниот правобранител. Прекршени се правата на граѓаните при нивното приведување, нивните права се кршат во истражниот затвор, а целата постапка е една огромна конструкција која служи само за втерување страв. Овие факти судот не смее да ги занемари – се наведува во партиското соопштение.

Од таму тврдат дека правосудните органи како репрезенти на третата власт се гарант за законитоста и Уставноста и почитувањата на човековите правда.

„Правосудните органи во интерес на правдата, демократијата, владеењето на правото и Евроатланските аспирации на државата, мора да се издигнат над партиските нарачки и да стават крај на овој политички прогон. Власта и сите општествени чинители во Република Македонија мора да знаат дека државата нема да тргне ни милиметар кон ЕУ и НАТО се додека не се почитуваат законите, а институциите се злоупотребуваат за монтирање на кривични постапки против политички неистомисленици – продолжува понатаму во соопштението.

 

Поврзани новости