Скопје се изгуби во смогот, загадувањето и до 12 пати над дозволеното

by Fokus

Скопје изминативе денови се соочува со енормно загадување. Во Лисиче во 21 часот беа измерени 605 микрограми, односно 12 пати повеќе од дозволеното.

Последните мерења покажуваат дека Скопје е на трето место во светот по загадувањето на воздухот, веднаш по Дака во Бангладеш и Колката (поранешно Калкута)  во Индија.

Концентрациите на штетните ПМ10 честички на некои места во главниот град беа и 12 пати над дозволеното.

На четврто место е Лахоре, град во Пакистан, на 5 место е Шангај во Кина и на 6 место е Њу Делхи во Индија.

Поврзани новости