ВМРО-ДПМНЕ: Студентите јадат храна полна со бубачки и отпушоци

by Fokus

Студентите во Стив Наумов вчера наместо ориз со месо, за ручек имаа ориз со бубачки, реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Студентите во студентските домови во Скопје не живеат, тие преживуваат. Наместо нормална храна им се сервира храна полна со бубачки и отпушоци. Од слика објавена во медиумите од која се гледа дека наместо јадење на студентите им се сервираат бубачки е згрозувачка. Пред само еден месец студентите во таблата со лебот добија отпушок од цигара. Ова е недозволиво. Ова е нечовечки“ – вели Филип Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости