Состанок на ДУИ за коалицијата, името и јазикот

by Fokus

Претседателството на Демократската Унија за Интеграција го оддржа третото продолжение на состанокот на Претседателството започнато на 16ти март годинава.

На состанокот, Претседателот Али Ахмети го запозна раководството на партијата околу разговорите со коалицискиот партнер во врска со проширувањето на парламентарното мнозинство како и спорот со името, а истовремено зборуваше и за законот за употреба на јазикот.

Членовите на Претседателството детално го разгледаа текот на имплементацијата на програмата и го затворија делот на известување од министрите, заменици министри и државни секретари пред партиското раководство.

Состанок на Претседателството ќе продолжи наредниот петок, на 13ти април, со почеток од 14:00 часот во седиштето на партијата во Тетово каде ќе започне широка дискусија околу градењето на страгијата на ДУИ за две децении пред нас.

Поврзани новости