ВМРО-ДПМНЕ: Структури на СДСМ стојат зад инцидентот врз домот на Буралиева

by Фокус

Владејачката партија денеска преку соопштение го осуди инцидентот, во која пратеничката Љубица Буралиева е цел на напади, закани и притисоци во вид на пораки со недолична и навредлива содржина. Од ВМРО-ДПМНЕ се убедени дека зад овој настан стојат структури на СДСМ.

– Остро сме против било каков чин на насилство или насилничко однесување врз колегите пратеници без разлика на нивната политичка определба. Овој вид на дирекно заканување кон луѓето иако беше составен дел од едно друго време и еден друг систем на владеење, денес претставува крајно недемократски и ги загрозува човековите права на пратеничката Љубица Буралиева да размислува, дејствува и да постапува онака како што таа мисли дека е исправно – сметаат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости