ВМРО-ДПМНЕ: Сторителите на грозоморен чин врз Палевски се познати, а инспираторите на тоа треба да се бараат во врвот на власта

by Fokus

Мафијата на Заев и неговите слуги се покровители на обидот за убиство врз критичарот на власта Љупчо Палевски. Сторителите на таквиот грозоморен чин се познати, а инспираторите на тоа треба да се бараат во врвот на власта. Крвави се рацете на мафијашот Заев за чиј мандат се претепуваат политички неистомисленици, се линчуваат критички новинари, се води политичка хајка врз уредници и притисок врз медиуми, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ .

-Сторителите на овие дела се уште не се спроведени пред лицето на правдата зошто добиваат закрила од мафијата на Заев. Неискрени се извинувањата на СДСМ затоа што одговорите треба да ги побараат од нивниот лидер и мафијаш Заев и тие кои нему му слугуваат, посочуваат од опозициската партија.

Поврзани новости