Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, манипулира со дописи од Министерството за транспорт и врски од 2011 година, коишто првенствено се однесуваат за изградба на станови за социјално необезбедени лица, или лица кои се раселени во Република Македонија, а потекнуваат од косовскиот конфликт од 1990-те, а не за мигранти од Сирија, случаи кои тогаш и не беа проблем по интензитетот како што се сега, реагираат од ДПМНЕ.
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ изминативе шест години, откако е испратен дописот со кој манипулира Рашковски, не изгради ниту еден објект за населување на мигранти. СДС, Заев и Царовска треба да одговорат како ќе им обезбедат работа и егзистенција на десетиците илјади мигранти кои планираат да ги доселат во Република Македонија. Дали лицата кои ќе се доселат ќе имаат бесплатно здравство, бесплатно образование на штета на граѓаните на Република Македонија“, прашуваат од партијата на Никола Груевски.