391
-Зоран Заев и денеска потврди дека тој не е претсeдател на СДСМ и дека неговата партија ја раководи фондацијата СОРОС, стои во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ на последната објавена „бомба“ од опозицијата.
Од владејачката партија велат дека граѓаните ја гледале целта на Заев, а таа била да ја наруши стабилноста на Македонија, да ги наруши мирот и меѓуетничките односи и да предизвика штетни економски последици.
-Не случајно Заев, денеска ги наброја невладините организиации кои работат за СОРОС, но и директно за СДСМ, па подоцна врз база на едно договорено сценарио, истите тие треба да излезат и да го потврдат тоа што тој го говореше и да се прикaжуваат за жртви, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.