Коцијанчич: Очекуваме сите политички лидери да учествуваат на средбата

by Фокус 14:03
14:03

Се очекува сите политички лидери од Македонија да учествуваат на средбата во Брисел, изјави портпаролката на еврокомесарот Јоханес Хан, Маја Коцијанчич, одговарајќи на прашањето дали Зоран Заев го потврдил своето присуство. Таа потенцираше дека овој пат ќе се отворат и прашања за кои досега не е дикутирано.

-Веруваме дека решението на политичката криза во земјата е од големо значење и улогата на ЕУ е да помогне во тоа. Очекуваме политичките лидери од земјата да учествуваат на средбата и од големо значење е сите да учествуваат. Што се однесува до темите комсеарот Хан јасно кажа дека некои за некои од прашањата се дискутираше и се постигна согласност, но за многу прашања допрва треба да се разговара и очекуваме тоа да се случи во среда“, изјави Коцијанчич.

- Advertisements -

Таа потенцираше и дека изјавата на Хан дадена во петокот, јасно ги кажува позициите во однос на последните избори одржани во земјата според извештајот на ОБСЕ.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска истакна дека до крајот на денот ќе знае дали ќе патува за Брисел

-Ние ја очекуваме изјавата зошто во разговорот договоривме дека треба да има лично изјава од Хан, каде што се потенцира на суштината на разговорите, но и за изборната измама која беше констатирана во Македонија. Ние ја очекуваме, и согласно со тоа зависно е дали одиме за Брисел, рече Заев.

Поврзани новости