Одлуките на Апелација со кои се потврдуваат притворите на десетината затворени македонски патриоти се класичен пример за политички прогон преку монтирани судски случаи, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Апелацискиот суд е под страшен притисок и не ја дели правдата врз база на аргументи. Сопругата на Игор Милев, членот на ДИК од СДС, денес побара да се иззземе од советот кој одлучува по барањето на СДС правосудите органи да се прават слепи на тоа што го виде целата јавност, како Заев бара поткуп од едно евро за Вицето и едно за црквата. Со тоа, сопругата на Милев призна дека е во Апелација само за да ги застапува интерсите на СДС и да му овозможи на лидерот на нејзиниот сопруг уште едно одлагање“, велат од ДПМНЕ.
Од партијата бараат, како што велат, безусловно запирање на сите овие процеси на политичкиот прогон и итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој, според нив, класичен политички прогон.