ВМРО-ДПМНЕ: Со заминувањето на Заев ќе се врати правната држава

by fokus

Граѓаните ја почувствуваа на својот грб некадарната економска политика на СДС, велат денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Владата на СДС за 3 месеци успеа од девизните резерви и од распишаните аукции на државни хартии да стопи 334 милиони евра. Министерството за финансии има законска обврска од денот на распишување на изборите до нивно завршување на интернет страницата на министерството да ги објавува сите буџетски трошења. Министерството за финансии веќе 5 дена нема објавено извештај за дневни трошења од буџетот и со тоа директно го крши член 8-а, ст.3 од Изборниот Законик. Владата на Заев со овој потег грубо го крши Изборниот Законик, и остава сомнеж дека со парите на граѓаните прави предизборна корупција, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека власта на Заев немало да трае вечно, а со неговото заминување ќе се вратела правната држава.

Поврзани новости