Заев од втори до четврти септември на гости кај Нетанјаху

by fokus

Премиерот Зоран Заев, од 2 до 4 септември ќе престојува во официјална посета на Израел по покана на премиерот на Израел, Бенџамин Нетанјаху.

Владината служба за иформирање соопшти дека  во владината делегација покрај премиерот Заев се и Кочо Анѓушев, вицепремиер задолжен за економски прашања, Оливер Спасовски, вицепремиер и министер за внатрешни работи, Крешник Бектеши, министер за економија и Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Заедно со делегацијата на Владата, за Израел ќе патуваат и повеќе бизнисмени и претставници на компании од различни индустрии од Македонија.

Поврзани новости