Во време на најголемите тешкотии предизвикани од пандемијата со вирусот Ковид 19, партијата на Мицковски беше активна ама само во критиките на здравствениот систем и на задравствените работници и во непочитување на мерките, реагираат од владејчката СДСМ.
„Тогаш Мицкоски го понуди Вело Марковски кој ги убедуваше граѓаните дека вирусот не е опасен, дека не треба да се носат маски, дека брзо се ќе заврши, дека „некој што веќе се изборил со корона вирусот, не може повторно да биде позитивен“.Сега Мицкоски повторно нуди старо-нови ликови и инкриминрани кадри“, се наведува во соопштението.
Од партија на Ковчевски велат дека СДСМ и во услови кога имаме економска криза, последно нешто на граѓаните што им требаат се неизвесност, неодговорност и вакви политиканти и „самопрогласени експерти“.
-Од имињата на тие „врвни„ експерти што ги нуди Мицковски, е Трајко Славевски директен противник на концептот на покачување на платите и десна на рака на неспособната Данела Арсовска во Град Скопје. Судејќи по тоа како работи градоначалничката, очигледно е дека на Трајковски му треба нова работа.Мицкоски се дрзува да го понуди и Зоран Ставревски кого го слушавме во разговорите со Гордана Јанкуловска за криминалите на владата на Груевски на која и остана верен до крајот . Тоа е оној што велеше „Ние сме лудаци. Трошиме за чоколадо, а немаме ниту за леб“.Ваквите економски стратегии нека ги чува Мицкоски за себе, вели од СДСМ.