Мојата истрага за вистината на Еуростандард банка е спремна

Денес оваа колумна му ја посветувам на Господинот Ковачевски со молба повеќе да навлезе во материјата која се вика организиран криминал.

by Fokus

Пишува Трифун КОСТОВСКИ

  1. Колумна посветена на Ковачевски.
  2. Истрагата покажува криминал
  3. Дали институциите на прогонот ќе останат глуви или ќе реагираат
  4. Стечајот настана со амин на Заев и Спасовски
  5. Дали Ковачевски ќе стави крај на организираниот криминал?

Почитувани читатели, вообичаено не запирам со моите колумни посветени на стечајот на Еуростандард банка. Во минатите колумни таксативно ги набројував сите пропусти кои Народна банка, Техничката Влада на Оливер Спасовски и останатите институции ги направија во случајот поврзан со стечајот на Еуростандард банка. Доаѓам до заклучокот дека ваквите пропусти се специјално направени само со една цел: да се скријат трагите на одлеаните финансиски средства од банката кои завршиле на конкретни адреси со име и презиме во Република Македонија.

Живееме во длабоко политички поларизирано општество, каде во Македонија политиката и политичарите се третираат како бизнисмени. Тие не заработуваат од сопствениот бизнис, туку  печалат од луѓето кои имаат или стекнале сопствено богатство, ставајќи ги во мелница која се вика интерес. Со чесен исклучок на мал број политичари, сведоци сме дека денес во Македонија многу бивши политичари имаат статус на бизнисмени, иако за бизнисот многу малку знаат. Најболното е тоа што јавноста во Република Македонија многу добро знае на кој начин се стекнале со ваквиот имот, меѓутоа јавноста и институциите на прогон молчат.

Воведот го направив со цел да обзнанам дека мојата приватна истрага е завршена. Постои сомнеж дека институциите на прогон во Република Македонија ќе реагираат. Обзнанувањето на резултатите од истрагата ќе биде наскоро. Не еднаш во Македонската реалност правдата била забошотена од причини поврзани со личности од врвот на политичките партии. Стечајот на Еуростандард банка настана со амин на бившиот Премиер Зоран Заев и неговиот Технички Премиер Оливер Спасовски.

Од оваа иста партија денес на кормилото на Владата на Република Македонија го имаме новиот Премиер Ковачевски. За многумина оштетени штедачи и нас акционерите ќе биде многу битно како Господинот Ковачевски ќе го разбере обзнанувањето на извештајот. Дали има сила Господинот Квачевски да се спротистави на неговиот предходник Зоран Заев и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки? Дали Господинот Ковачевски ќе дозволи институциите за прогон во Република Македонија да се вклучат во истрагата на овој криминал? Дали Господинот Ковачевски конечно ќе почне да ги штити интереси на граѓаните и со тоа да ја покаже вистинската посветеност за доброто на граѓаните и државата? Дали Господинот ковачевски ќе дозволи да завладеат правото и правдата?

Почитувани читатели, токму ова се дилемите кои стојат пред мене. Неправдите кон мене и моите сограѓани мора еднаш да бидат минато. Бидете убедени, доколку Ковачевски даде амин за отворање вистинска истрага во овој случај, Македонија ќе застане на патот на иднината. Високорангираното место по криминал и корупција на Република Македонија на светската листа од Транспаренси Интернешнл, се должи токму на непреземање чекори при ваков случај на организиран крминал кој е многу лесно докажлив.

Еуростандард банка мора да има своја завршница. Би сакал завршницата за овој немил настан да биде решена тука во Македонија. Не сакам правдата да биде решена по меѓународни судови бидејќи на тој начин се деградирам самиот себе и мојата држава .

Денес оваа колумна му ја посветувам на Господинот Ковачевски со молба повеќе да навлезе во материјата која се вика организиран криминал.

Неговиот молк по ова прашање ќе го сметам како соучесништво.

Поврзани новости