-Зоран Заев продолжува да го тера своето деструктивно сценарио, и без поддршка од граѓаните продолжува да објавува креирани, сечени и монтирани материјали, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод тринаесетта „бомба“, која денеска ја објави СДСМ.
-Наводите кои се обиде Зоран Заев да ги конструира во денешната прес конференција се чиста манипулација и невистина. Бомбастичните најави за креирани разговори се само доказ дека и Зоран Заев е свесен за своите манипулации, пишува во реакцијата.
Понатаму, од ВМРО-ДПМНЕ повторуваат дека Зоран Заев соработувал со странски центри против интересите на Македонија, но граѓаните тоа го знаеле и тие ја одбирале политиката на сегашната власт, а тоа било политика на проекти, фабрики, нови патишта, училишта, болници, повисоки плати и пензии.