ВМРО ДПМНЕ со фрапираност и неверување ја проследи прес конференцијата на Претседателот Ѓорге Иванов, велат од владејачката партија откако Иванов одлучи да ги аболицира сите политичари обвинети во случаи поврзани со прислушувањето, кои главно се од власта.
-ВМРО ДПМНЕ не се сомнева дека Претседателот Иванов секогаш имал чесни и добри намери и постапки, водејќи се од националните и државни интереси и идејата за национално помирување и единство, кое сметаме дека е секогаш потребно. Сепак во конкретниов случај би сакале да изразиме силно несогласување со оваа негова постапка. Сметаме дека со овој потег, се оневозможува нашата воља и напор да се разобличат сите конструкции, лаги и манипулации, кои ни беа наметнувани и беа насочени кон нас како дел на едно однапред смислено сценарио, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека по ова прашање со Иванов имаат сериозни и длабоки несогласувања.