ВМРО-ДПМНЕ со Декларација во ЕП како гаранција ќе ги внесува Бугарите во Уставот?

by fokus

Според моменталната ситуација, владејачката СДСМ заедно со своите коалициони партнери, е далеку од обезбедување 80 пратеници кои би ги гласале уставните измени во Собранието. За постигнување на потребната бројка секако и се потребни шест до осум гласови од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму пак, цврство стојат на ставот дека тие нема да гласаат за внесување на Бугарите во Уставот, како што велат, не под сегашните услови.

Сепак, СДСМ е решена да го започне процесот за отворање на Уставот. Премиерот Димитар Ковачевски веќе најави формирање на тим, односно експертска работна група која ќе треба да ги подготви амандманите за промена на Уставот. Во нејзиниот состав ќе бидат вклучени правници и експерти по уставно право, а ќе бидат повикани и експерти од политичките партии, меѓу кои и од опозициските.

Од ВМРО-ДПМНЕ уште нестигната, веднаш ја одбија поканата за учество во оваа група. Велат дека нивните аргументи против уставните измени ќе ги кажат во Собранието, кога за тоа ќе дојде време.

А, времето ќе дојде брзо, со оглед дека од СДСМ за „Фокус“ брифираат дека планот е амандманите да бидат изработени во наредниве неколку недели и веќе во мај, најдоцна јуни, тие да влезат во собраниска процедура.

Во една ваква ситуација со многу непознати, „Фокус“ разработи три можни сценарија кои може да се случат во насока на уставните измени и како до нив (не) би се стигнало.

ВМРО-ДПМНЕ НА ВЛАСТ, УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ РЕШЕНИ

Опозициската партија во наредниот период ќе крои план за откочување на ЕУ интеграциите. А, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека тие нема да поддржат уставни измени, доколку нешто драстично не се промени, закочување на процесот е извесно.

Тука, на сцена стапуваат ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски како главни откочувачи на процесот. Главно оружје за тоа ќе им биде планот со кој ќе излезат на избори. Тие ќе бараат изборите да бидат предвремени, но бидејќи се доближуваме до терминот за редовните избори, нема да им биде проблем и да почекаат.

Овој план не ја исклучува можноста ВМРО-ДПМНЕ да поддржи уставни измени и внесување на Бугарите во Уставот. За тоа да се случи, партијата ќе бара „гаранции“ од ЕУ дека понатаму преговорите ќе се водат исклучиво според Копенхагеншките критериуми и при отворањето на кластерите нема да се наметуваат услови поврзани со историјата.

Како опција за ваква гаранција во игра е ВМРО-ДПМНЕ да побара донесување на Декларација во Европскиот парламент дека сме обединети во различностите и тие не би требало да бидат пречка за интеграцијата на Македонија во ЕУ.

Катерина Смилева Божиновска

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

 

Поврзани новости