ВМРО-ДПМНЕ со автомобили ќе протестира од Скопје до Штип на денот на ВМРО

by fokus
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавува протест со автомобили во Скопје којшто ќе продолжи до Штип на 23 Октомври-Денот на македонската револуционерна борба.
-Ги покануваме сите граѓани масовно да ни се приклучат на протест против мафијата, за правда и слобода. Протестот ќе започне на 23 Октомври во 12 часот, од две собирни точки во Скопје, СЦ Борис Трајковски- Општина Карпош и СЦ Јане Сандански-Општина Аеродром по што ќе финишира пред Собранието на Република Македонија каде ќе се обрати претседателот на ВМРО ДПМНЕ проф др Христијан Мицкоски.
По говорот протестот со автомобили ќе продолжи од Скопје до Штип преку автопатот Гоце Делчев, а во Штип ќе заврши пред Учителската школа каде своевремено учителствувале Гоце Делчев и Дамјан Груев.
Време е за одговор. Од секој зависи, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости