Германскиот министер за здравство е позитивен нa корона вирус

by fokus

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан (40) е позитивен на новиот корона вирус, потврди денеска Министерството. Како што се наведува, Шпан е во карантин откако дознал дека е позитивен, јави ДПА.

Шпан бил тестиран за вирусот, бидејќи имал симптоми слични на настинка неколку дена, а сите лица кои имале контакт со него се информирани дека е болен.

– Германскиот министер за здравство Јенс Шпан, кај кој попладнево беше потврден новиот корона вирус, учествуваше на седница на германската Влада утрово, но засега другите министри не треба да бидат ставени во карантин, изјави портпаролот на Владата.

Според него, правилата за физичко растојание и хигиена се строго пропишани во владата.

Според порталот Фокус онлајн, ниту германската канцеларка Ангела Меркел нема да биде ставена во карантин.

Поврзани новости