Во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, се купија неколку компјутерски томографи, а вредноста на еден таков томограф беше над 350.000 евра. Инвестицијата беше наменета за сите пациенти кои што имаат потреба од брзо дијагностицирање на болеста, реагираат од опозициската СДСМ.
– Со 350 милиони евра кои што за 100 дена расипнички ги потроши неспособната влада на СДС и Зоран Заев, можеше да се набават 1.000 компјутерски томографи. Расипниците од СДС не набавиjа ниту еден. Приоритетот на неспособната влада на СДС и Заев, очигледно е дека не се граѓаните и нивните потреби, туку луксузирањето и задоволувањето на апетитите на блиските партиски војници на СДС и Заев. Неспособниот Заев и СДС за 100 дена на власт не само што расипнички ги потрошија парите на граѓаните, туку не реализира ниту еден единствен реален проект кој би бил од огромно значење на граѓаните, за нивен поквалитетен живот – се наведува во партиското соопштение.