РСБСП: 91 лице загинале во сообраќајки за осум месеци, од кои 43 само во јули и август

by Fokus

Периодот од јуни до септември во светот е познат како 100-те најцрни денови на патиштата.  Неофицијалните статистички податоци покажуваат дека од почетокот на годината па досега, 91 лицe го загубиле животот во сообраќајни незгоди на патиштата во Република Македонија,  од кои 48 лица  во првите 6 месеци и дури 43 лица во месец  јули и август, информираат од Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот и патиштата.

– Анализите и статистиката покажуваат дека за време на продолжен викенд  посебно е голем бројот на сообраќајни незгоди предизвикани од само еден учесник во сообраќајот, односно излетување на возилото од коловозот поради брзо возење, возење под одвлечено внимание или поради возење под дејство на алкохол. Комбинацијата од сите три фактори речиси  секогаш е фатална. Неправилното пристигнување и недржење на страна и правец на движење, исто така спаѓаат во групата на водечки причини за сообраќајни незгоди од посериозен карактер – се наведува во соопштението.

Според нив, особено важно е да се истакне,  дека за време на викенд зголемено е учеството на пешаците, велосипедистите и мотоциклистите во сообраќајот и РСБСП посебно апелира кон возачите да бидат внимателни и да ги почитуваат и чуваат оваа група на ранливи учесници во сообраќајот.

Од таму потсетуваат дека  меѓусебното почитување, почитувањето на сообраќајната сигнализација и сообраќајните знаци е основно правило за безбедно управување со возилото и претставува гаранција за безбедно одвивање на сообраќајот.

Поврзани новости